Македонија вмро дпмне

Филипче додека зема народни пари има обврска да дава отчет каде ги троши истите

Филипче додека зема народни пари има обврска да дава отчет каде ги троши истите

Довчерашниот државен функционер и денес претседател на СДС, Венко Филипче иако плата земаше од пари на народот како министер, а сега како пратеник во Собранието сака никој да не се интересира за неговиот приватен живот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Епа Филипче додека зема на сметка од народот треба да даде отчет за се, дури и за приватниот живот.

Обичен граѓанин не може да собере пари да го скрпи животот од први до први, а не уште да оди на приватни и елитни места за забава.

Многу е едноставно, на СДС народот му даде црвен картон на изборите, а Филипче ако мисли дека е лидер на барем малку сериозна партија нека се погрижи истата да ја стави на нозе, а потоа да се вклучи како сериозен политичар во политичкиот и општествениот живот, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top