Македонија COSP11 во Доха

Фетаи: Стратегиите против корупцијата бараат лидерство, имплементација и јавна доверба

Во своето излагање Фетаи, како  што се наведува, нагласи дека стратешките документи имаат суштинска вредност единствено доколку се преточат во конкретни механизми за имплементација, следење и отчетност, со што фокусот се пренасочува од формални заложби кон мерливи и конкретни резултати.

Фетаи: Стратегиите против корупцијата бараат лидерство, имплементација и јавна доверба

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи учествуваше на 11-тата сесија на Конференцијата на државите членки на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (COSP11), која се одржува во Доха.

Фетаи, како што информира неговиот Кабинет, се обрати на панел-дискусијата посветена на сеопфатните антикорупциски стратегии во Југоисточна Европа, при што истакна дека антикорупциските политики и стратегии можат да обезбедат одржливи резултати само доколку се поддржани од силно владино лидерство, ефикасна институционална координација и активно учество на граѓанското општество.

Во своето излагање Фетаи, како  што се наведува, нагласи дека стратешките документи имаат суштинска вредност единствено доколку се преточат во конкретни механизми за имплементација, следење и отчетност, со што фокусот се пренасочува од формални заложби кон мерливи и конкретни резултати.

Осврнувајќи се на искуствата на Република Македонија, тој ја потенцираше важноста на пристапите базирани на податоци, дигитализацијата на процесите и институционалната транспарентност како клучни алатки за намалување на ризиците од корупција и за зајакнување на јавната доверба во институциите.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Учеството на вицепремиерот Фетаи на COSP11 претставува дел од континуираните меѓународни активности на Владата на Република Македонија насочени кон унапредување на доброто владеење, зајакнување на институционалниот интегритет и продлабочување на регионалната и меѓународната соработка во борбата против корупцијата. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top