Македонија

Еве со колку и какви воздухоплови се гаснат пожарите во Македонија

Еве со колку и какви воздухоплови се гаснат пожарите во Македонија

Големи пожари беснеат во Македонија. Во изминатите 24 часа во земјава пријавени биле 31 пожар на отворено. Најсериозен е пожарот на планината Серта.

По пристигнувањето на дел од најавената меѓународна помош, Центарот за управување со кризи информира дека денеска во земјава на располагање за гаснење на пожарите се следниве воздухоплови:

3 Ер трактори на ДЗС
1 хеликоптер на МВР
2 хеликоптери на АРМ
2 Ер трактори од Турција
1 хеликоптер од Турција
1 голем хеликоптер од Србија

Во текот на денешниот ден ќе пристигнат и два хеликоптери од Словенија, еден канадер кој го испраќа Хрватска и еден хеликоптер од Црна Гора.

Според информациите од ЦУК, утре на располагање ќе биде и еден голем хеликоптер МИ 171 на МВР кој беше на сервис.

Најнови вести од Македонија

To top