Македонија закон

Енергетската заедница го поздрави донесувањето на Законот за енергетика

Енергетската заедница го поздрави донесувањето на новиот Закон за енергетика кој го нарече „значајна пресвртница на патот на земјата кон целосна интеграција во европскиот енергетски пазар“.

Енергетската заедница го поздрави донесувањето на Законот за енергетика

Енергетската заедница го поздрави донесувањето на новиот Закон за енергетика кој го нарече „значајна пресвртница на патот на земјата кон целосна интеграција во европскиот енергетски пазар“.

„Усвојувањето на овој Закон ја демонстрира силната посветеност кон европската енергетска интеграција“, изјави Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница. „Ги очекуваме следните чекори-почнувајќи од целосната усогласност и напредување кон забрзана интеграција во единствениот ЕУ пазар на електрична енергија како и подобрена безбедност на системот“, додава Лорковски.

Енергетската заедница оценува дека новата законска рамка го отвора патот кон интеграција во пазарот на електрична енергија, а како најзначајно, поврзувањето на пазарот на електрична енергија на Северна Македонија со единственото поврзување на ЕУ за еден ден однапред и интрадневно поврзување (SDAC/SIDC).

„Овој значаен чекор ќе ја подобри регионалната соработка, како и ефикасноста на пазарот и ќе ја зајакне енергетската стабилност во согласност со правилата на Енергетската заедница“ се наведува во соопштението на Енергетската заедница, во кое се додава и дека поврзувањето на пазарот останува предмет на потврдена усогласеност на законските одредби со Договорот за Енергетска заедница. Секретаријатот, како што се наведува, ќе соработува со Македонија за да го поддржи овој процес и да обезбеди брзо и ефикасно усогласување.

Најнови вести од Македонија

To top