Курир ексклузивно и официјално дознава дека полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во просториите на Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело.
И официјално од ОЈО за Курир велат дека делото не е поврзано со Артан Груби и црните листи, туку се однесува на известување од МВР за кое е побарана наредба за обезбедување записници од седница на Судски совет во врска со мандатот на екс претседателката на судот Весна Дамева..
Повеќе информации од МВР и ОЈО се најавени во текот на денот.