Македонија ЦУК

Еден пожар на отворено, 1 637 повици на 112

Втората сообраќајка се случила вчера околу 16:40 часот, на патниот правец Штип – Кочани по село Чардаклија, во Општина Штип. Џип излетал од патот при што едно лице е тешко повредено и со Итна медицинска помош е транспортирано во клиничката болница во Штип.

Еден пожар на отворено, 1 637 повици на 112

Во последното деноноќие регистриран е еден пожар на отворено и три сообраќајни несреќи. ТППЕ Куманово со двајца пожарникари и едно противпожарно возило вчера од 17:05 до 18:25 часот гаснеле запалена ниска вегетација, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Регионалниот ЦУК Штип известува за две сообраќајни несреќи. Првата сообраќајка се случила вчера околу 12:45 часот во близина на „Рибник Слив“ во општина Виница. Во несреќата едно лице со возилото излетало од патот, при што возачот се здобил со лесни и повреди.

Втората сообраќајка се случила вчера околу 16:40 часот, на патниот правец Штип – Кочани по село Чардаклија, во Општина Штип. Џип излетал од патот при што едно лице е тешко повредено и со Итна медицинска помош е транспортирано во клиничката болница во Штип.

Регионалниот ЦУК Тетово известува дека вчера во 14:00 часот на локалниот пат што ги поврзува селата Стримница и Челопек, патничко моторно возило управувано од малолетник од Челопек излетало од коловозот. При несреќата, сопатникот во возилото, исто така малолетник од Стримница, се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, а за укажување на лекарска помош во болницата бил пренесен и возачот.

Во последното деноноќие имало вкупно 1 637 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 52,72 отсто, а 47,28 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 69,33 отсто, кон Итната медицинска помош 27,56, а кон пожарникарите 1,33 отсто од реалните повици кон 112.

ЦУК апелирa да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.

To top