Македонија дрисла

ДЗС: Пожарот во „Дрисла“ изгаснат утринава

Управата за заштита и спасување (УЗС) известува дека вчеравечер пред 23:00 часот повторно беше предизвикан оган во депонијата „Дрисла“, на сосема друга локација, подалеку од местото кое беше активно во претходните денови.

Еден час подоцна пламенот беше ликвидиран и покриен со земја.

“На местото веднаш се упатија скопските пожарникари кои почнаа со гаснење, но поради специфичноста на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машини кои веќе беа таму, а брзо пристигнаа и нивните возачи.”

По еден час, огнот беше уништен и затрупан, со што беше спречено пренесување на пламенот во главниот дел на депонијата, соопшти УЗС.

Во неделата, депонијата „Дрисла“ беше посетена и од премиерот Христијан Мицкоски.

“Благодарение на навремената интервенција на службите, ситуацијата е стабилна и не постои опасност за понатамошно ширење,” напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.

To top