Македонија ДЗС

ДЗС: Европски проект против шумски пожари ,,ФФС”

Проектот е финансиран од Европската Унија во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.

ДЗС: Европски проект против шумски пожари ,,ФФС”

Денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, беше домаќин на конференцијата за меѓународниот проект „Форест фајр Струга – ФФС“ (Forest Fire Struga- FFS), што се одржа во Скопје, а ДЗС е водечки апликант.

Притоа, Ангелов, изразувајќи благодарност до Европската Унија за континуираната финансиска поддршка, како и до сите партнери за нивниот придонес и посветеност, посочи дека проектот претставува конкретен придонес кон зајакнување на системот за заштита и спасување во справувањето со шумски пожари, преку унапредување на подготвеноста, координацијата и меѓународната соработка, во согласност со европските стандарди и практики.

Инаку, проектот е финансиран од Европската Унија во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. Дирекцијата за заштита и спасување, како координатор на проектот, активно работи за успешна имплементација на сите предвидени активности, во тесна соработка со партнерите и релевантните институции.

Во реализацијата на проектот учествуваат партнери од повеќе европски земји, меѓу кои Грција, Бугарија, Кипар, Албанија, Австрија и Црна Гора, што дополнително ја зајакнува регионалната димензија и овозможува размена на искуства и добри практики.

ДЗС: Европски проект против шумски пожари ,,ФФС"

Денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС),…

Posted by Дирекција за заштита и спасување – Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim on Wednesday, March 25, 2026

Најнови вести од Македонија

To top