Македонија усогласување на законска рамка

ДЗС: Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации

Соработката помеѓу институциите и доброволниот сектор е еден од темелите за ефикасен и функционален систем за заштита и спасување во Македонија.

ДЗС: Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации

На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија.

На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните противпожарни друштва (ДПД), нивната улога во системот за заштита и спасување и на потребата од усогласување на законската рамка со реалните теренски потреби и со европските практики.

Притоа, Ангелов, заедно со тим од ДЗС и од претставници на ДПД, ја истакна важноста од заштита, унапредување и институционално препознавање на доброволниот сектор, како клучен партнер во справувањето со кризи, пожари и природни непогоди. Соработката помеѓу институциите и доброволниот сектор е еден од темелите за ефикасен и функционален систем за заштита и спасување во Македонија.

ДЗС: Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации

На барање на…

Posted by Дирекција за заштита и спасување – Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim on Monday, February 23, 2026

Најнови вести од Македонија

To top