Македонија средба

Џафери – Пич: Изборите пред Северна Македонија се одредница за евроатлантските перспективи и од регионална важност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, претпладнево во Минхен се сретна со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, соопштија од владината прес-служба.

Џафери – Пич: Изборите пред Северна Македонија се одредница за евроатлантските перспективи и од регионална важност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, претпладнево во Минхен се сретна со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, соопштија од владината прес-служба.

На состанокот Лорд Пич, изрази честитки до премиерот Џафери за претседателската позиција во Владата и за изборот на новата Влада. Заеднички ја нагласија важноста на претстојните избори, од аспект на фер и демократски избори и како одредница во евроатлантските перспективи на државата. Во таа насока, беше поздравена категоричната определба на премиерот Џафери и на Владата да се спроведат избори според највисоки европски стандарди, посебно што пред Северна Македонија се избори што нема само да определат само каква Влада ќе добијат граѓаните, туку и натамошниот правец на земјата. На средбата се оцени дека јасната ЕУ перспектива е главен двигател на помирувањето и на напредокот на целиот регион, бидејќи интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, освен што е политички, безбедносен и економски интерес на регионот и на Унијата, е и геостратегиска инвестиција во стабилноста на европскиот континент. Беа разменети ставови за актуелните случувања на Западен Балкан, состојбата во Босна и Херцеговина, односите меѓу Србија и Косово. Двајцата соговорници се согласија дека регионот е подложно тло за пласирање на дезинформациски наративи, и посебно е потребно е сериозно и будно справување со обидите за влијание врз изборните процеси со хибридни дезинформциски наративи. На средбата, премиерот Џафери ја истакна важноста на засилениот ангажман на Обединетото Кралство во Западен Балкан во промовирањето на регионалната безбедност. И, потврди дека Северна Македонија продолжува со поставеноста на надворешната политика на линија на политиките на ЕУ и НАТО, придонесувајќи во стабилноста на регионот, се вели во соопштението од македонската влада.

Двајцата соговорници го потврдија долгогодишното пријателство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, што се реализира преку поддршката што нашата држава ја добива за клучните прашања во демократскиот развој и во остварувањето на стратешките цели, додаваат од владата.

To top