Македонија македонија

Џафери демантира вест, но ФАКТИТЕ ГО ДЕМАНТИРААТ ЏАФЕРИ! Плус, НАПРАВИЛ И 4.000 ЕВРА ЗИЈАН

Екс претседателот на Собранието и екс технички премиер Талат Џафери денеска ја демантира изјавата на директорот на служба за општи и заеднички работи Ивица Томовски дадена утрово во „Дејли Клик“ дека постоеле злоупотреби на владиниот авион од минатата влада.

Џафери демантира вест, но ФАКТИТЕ ГО ДЕМАНТИРААТ ЏАФЕРИ! Плус, НАПРАВИЛ И 4.000 ЕВРА ЗИЈАН

Екс претседателот на Собранието и екс технички премиер Талат Џафери денеска ја демантира изјавата на директорот на служба за општи и заеднички работи Ивица Томовски дадена утрово во „Дејли Клик“ дека постоеле злоупотреби на владиниот авион од минатата влада.

Томовски откри дека едната злоупотреба се однесува кога тогашниот министер Бојан Маричиќ барал со него да лета од Скопје до Ниш, а вториот кога Талат Џафери го барал авионот додека е на сервис, и било побарано веднаш да биде вратен во Скопје, за да не се распаднела коалицијата СДСМ – ДУИ.

Според Џафери, ова се небулозни обвинувања создадени за дневно-политички цели.

Тој во изјава за ТВ21 објасни што се случувало тогаш.

„Обвинението е небулозно, за дневно-политички цели. На 25 октомври службите информираат дека не се во можност да го направат соодветниот лет со барањето што го направивме. Врз основа на тие информации, службите на конвенцијата се обврзуваат да бараат комерцијален лет за дадениот датум.

На 25.10.2019 година службите го прават истражувањето и барањето да се патува со комерцијални патувања, анализирајќи ги цените на неисплатливите летови, дополнителната одлука е да се патува со службени автомобили, во меѓувреме службите информираат дека авионот се вратил и дека летот може да се изврши на 03.11.2019 година, врз основа на тоа, презедов мерки официјално да ги известам МНР, МВР, Амбасадата на МНР во Белград, дека патувањето со службени автомобили нема да биде извршено поради тоа што во меѓувреме е поднесено барање до институциите надлежни органи на Р.Србија за обезбедување придружба при транзит на територијата на Србија и врз основа на тоа е одлучено дека на 3 ноември ќе се патува со службен авион“, објаснува Џафери за ТВ21.

Како што додава, не ни требало да знае каде е авионот, ниту пак инсистирал по секоја цена авионот да биде достапен.

„Најголемата небулоза е тоа што увидуваат дека на мое барање, од наводни коалициски причини, инсистирано е по секоја цена авионот да се врати и да се користи. Кој е човекот што ќе се стави себеси на прво место во опасност, знаејќи дека авионот не е во употреба, и сите други. Кој пилот би решил да изврши таква наредба, ако знаел дека авионот не е подготвен за лет“, изјави Џафери за ТВ21.

Џафери демантира вест но, документите го демантираат Џафери.

Имено, на 08.10.2019 година под број 03-91/64 заведено е во архивата на Собранието Барање за користење владин авион за потреби на претседателот ан собранието Талат Џафери со кое се бара да му се обезбеди лет во период 03-04.11.2019 година на Конференција на претсдатели на парламенти од Југоисточна Европа во Будимпешта/Унгарија.

Барњато го потпишала Цветанка Иванова, Генерален секретар.

На 01.11.2019 година со документ заведен под број 25-6917/3 Службата за општи и заеднички работи на владата доставува до Џафери ИЗВЕСТУВАЊЕ за прифаќање лет за Будимпешта по претходното цитирано негово барање.

Во Известието го потсетуваат на претходниот нивни допис дека авионот е на сервис а пилотите на обука но, очигледно под притисок на Џафери, прифаќаат да му обезбедат лет со владиниот авион “затоа што симулаторот за вежба на пилитите во псоелден момент се откажал…“ На крај, авионот му е ставен на располагање

За бруката со насилството на Џафери врз владините служби да му се стави владиниот авион на располагање по секоја цена… за бруката да биде поголема – пропаднале купените авио билети за комерцијален лет на Џафери до Будимпешта и нанзад во вредност од околу 4.000 евра, или прецизно 232.748 денари наплатени од агенцијата Њу Вејвс од Травел со фактура број 0911/19 од 29.10.1019 година.

To top