Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека од седумте вчерашни активни пожари, по утринскиот ангажман за нивно локализирање и гаснење, на терен има уште два активни пожара.
– Конкретно, тие се во општина Кичево – кај селото Ново Село, каде што гори шума и во општината Гостивар – кај селата Дебреше, Митрови Крст и Трново во реон на месноста „Пеклишта“, тука гори борова шума и мешана шума, се наведува во соопштението на ЦУК.