Демократската Унија за Интеграција смета дека за жал, напорите за воспоставување неселективна правда, се до ден денес, поттфрлија, се вели во партиското соопштение на опозициската ДУИ.
Сето политичко интерферирање не донесе до 2% доверба на судството поради партискиот притисок во сите години од независноста, од страна на македонските политички партии, кој што продолжува и денес со цел воспоставување селективна правда по партиски терк. Затоа, поради сите поттфрлања и недоверба, крајно време е да се воспостави меѓународно мониториран Ветинг за сите политичари, судии, обвинители, олигарси, но и за приватизацијата и транзицијата во сите 32 години од независноста, истакнуваат од ДУИ
Ги повикуваме политичките партии да се надминат себеси, да престанат со лов на вештерки и замајување на јавноста за политичко дефокусирање, и заедно да го усвоиме законот за меѓународно мониториран ветинг за сите наводи од независноста до денес, додаваат од опозициската партија.