Македонија Министерство за здравство

ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото бебе на Детска клиника во Скопје

ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото бебе на Детска клиника во Скопје

Од Министерството за здравство попладнево информираат дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно надлежностите, ќе изврши вонреден инспекциски надзор во врска со случајот со починатото седуммесечно бебе на Детската клиника во Скопје.

– Во врска со случајот со починатото седуммесечно бебе, донесено синоќа на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека било примено под сомнение за сериозен синдром со прогресивен тек, што предизвикал оштетување на повеќе органи, за жал состојбата на бебето се влошила и покрај максималните напори на медицинскиот персонал, по што настапило рапидно влошување на состојбата. Се очекува да биде извршена обдукција, по што ќе бидат точно утврдени причините за смртта, појаснуваат од Министерството преку соопштение до јавноста.

Министерството за здравство изразува сочувство до семејството и најблиските за загубата.

Најнови вести од Македонија

To top