Македонија ДИК

Досега не се понднесени приговори за двојните избори на 8 мај

ДИК по завршувањето на овие рокви, доколку нема приговори ќе го достави извештајот со конечните рзултати од претседателските избори до Собранието, а потоа се очекува претседателот на Парламентот, Јован Митрески да ја закаже седницата во недела напладне за инаугурација на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова.

Досега не се понднесени приговори за двојните избори на 8 мај

До Државната изборна комисија (ДИК) до 15 часот и 30 минути не се понднесени приговори за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните изобри, информират за МИА од ДИК.

Портпаролката на Комисијата Радица Тодоровска Алексовска посочува дека рокот за избирчко право, претседателските изобри завршија во 19 часот, а за сумирање на резултатите во 22 и 30 часот, додека за парламентарните избори тоа се 19 часот и 23 и 30 часот.

ДИК по завршувањето на овие рокви, доколку нема приговори ќе го достави извештајот со конечните рзултати од претседателските избори до Собранието, а потоа се очекува претседателот на Парламентот, Јован Митрески да ја закаже седницата во недела напладне за инаугурација на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова.

На 8 мај во земјава се одржаа двојни избори, вториот круг од претседателските избори на кои победи Гордана Силјановска Давкова и прламентарните избори на кои најмногу мандати освои ВМРО-ДПМНЕ.

To top