Македонија

Донев: Да не беше техничкиот министер за внатрешни работи граѓаните немаше да бидат информирани за хаосот во МВР со недостатокот на обрасци и капацитетот на машините

Донев: Да не беше техничкиот министер за внатрешни работи граѓаните немаше да бидат информирани за хаосот во МВР со недостатокот на обрасци и капацитетот на машините

Во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа поранешниот амбасадор Јован Донев, тој истакна дека да немало технички министер за внатрешни работи граѓаните немало да бидат информирани за тоа што се случува внатре во МВР.

„Да немавме технички министер сигурно немаше ни ова да се случи затоа што немаше информации што се случува внатре во МВР во целата таа служба за издавање на документи дека нема обрасци, ниту пак машините имаат капацитет да го сработат тоа“, рече Донев.

Тој е дециден дека вакво понижување тој нема видено во ниту една држава да се случува.

„Собранието Законот за возачки дозволи за негово пролонгирање можело да го направи уште пред 6 месеци. Сеуште не ми е јасно зошто да ги менуваме личните карти кога тие не се за надворешна употреба туку за внатрешна употреба“, истакна Донев.

Најнови вести од Македонија

To top