Македонија Нема никаква криза за граѓаните

Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството.

Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука.

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството.

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Како што претходно министерката за енергетика Сања Божиновска информира дека барањето на ЕСМ за прогласување кризна состојба ќе се разгледува на владина седница.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

-Нема да има никаква криза, за граѓаните тоа нема да значи ништо бидејќи државата има резерви на мазут. Тоа значи ако знаете дека има протести со Грците и повеќе 30 дена има неможност да се набави мазут, тоа значи дека државните резерви ќе го снабдат ЕСМ со мазут. Нема да има никакво влијание на снабдувањето. Постои мазут во државата, ако не го земат од Грција, ќе го земат од резервите, истакна Божиновска, одговорајќи на новинарско прашање дали има проблем со набавка на мазут и дали ќе биде прогласена кризна состојба.

Најнови вести од Македонија

To top