Македонија Зелена партија

ДОМ остана без лидер по големиот изборен пораз, партијата на вонреден Конгрес избра четири копретседатели

Новоизбраните копретседатели ќе раководат со партијата во периодот до локалните избори, по што партијата ќе одржи редовен конгрес на кој ќе се избере нов лидер.

ДОМ остана без лидер по големиот изборен пораз, партијата на вонреден Конгрес избра четири копретседатели

ДОМ одржа Вонреден Конгрес, кој беше свикан по поднесената оставка на досегашната претседателка Маја Морачанин, по неуспешните резултати на неодамнешните парламентарни избори.

На овој конгрес, партијата избра ново претседателство составено од четири копретседатели кои ќе ја водат партијата како ВД раководство до следните локални избори.

Новите копретседатели се: Александар Анѓушев, Ана Угринска, Антони Новотни и Дане Милошевски.

Новоизбраните копретседатели ќе раководат со партијата во периодот до локалните избори, по што партијата ќе одржи редовен конгрес на кој ќе се избере нов лидер.

-ДОМ останува посветен на своите основни вредности и цели, неотстапувајќи од своите програмски приоритети за спроведување на зелените политики во делот на заштитата на животната средина, праведната енергетска транзиција, борбата против корупцијата и почитување на темелните човекови права на сите граѓани. Нашата мисија продолжува да биде насочена кон унапредување на општеството и постигнување одржлив и праведен развој, залагајќи се за подобар живот на сите граѓани на Македонија, велат од ДОМ.

To top