Македонија целиот случај базиран на политички флоскули и обвинувања

Доказите излегуваат на површина, ВМРО-ДПМНЕ е неправедно обвинета во Талир

Адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог до Апелациониот суд Скопје за укинување на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за познатиот предмети Талир.

Доказите излегуваат на површина, ВМРО-ДПМНЕ е неправедно обвинета во Талир

Имено, иако ВМРО-ДПМНЕ не беше страна во случајот, туку засегната стана, сепак Кривичниот суд донесе пресуда за замрзнување на имотот на партијата.

Од она кое што пристигна до нас, е допис во кој точно се утврдува дека Кривичниот суд својата пресуда не ја темели врз постоечки правни норми, за кои уште на самиот почеток истакнатите правници велеа дека целиот случај се базира на политички флоскули и обвинувања, а не на законските норми и одредби.

Од дописот до Апелација се заклучува дека судот воопшто не ги признава позитивните законски норми и не прави разлика помеѓу јавна услуга и јавна набавка. Имено, судот а по предлог на Јавното обвинителство пресудува дека ГП Бетон врши јавни услуги и заради тоа не можел да склучи договор со политичка партија.

Имено под терминот јавни услуги се подразбираат услуги кои ги дава одредено правно лице, а претставуваат услуги кои а одреден надоместок ги извршуваат наместо државата. Како што се пренос на електрична енергија, гас, вода, одредени транспортни услуги, но не и изградба на објект.

Од изведените докази не може да се потврди дека ГП Бетон врши јавни услуги, ниту дека биле ангажирани од државен орган или орган од локалната самоуправа за вршење на јавни услуги од кои од причини ниту во конкретниот настан ниту може да се заклучи дека политичката партија го прекршила член 20 од Законот за финансирање на политички партии, односно изградбата на објектот на начин спроведен согласно Статутот и извршен од страна ГП Бетон не може да го подведеме како забранет и спротивен на законските и под законските норми, стои меѓу другото во образложението на предлог на адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ до второстепениот суд.

Истовремено, во диспозитивот на судот не е јасно за кои забрани во насока дека политичките партии не можат да стекнуваат други видови приходи освен таксативно наброените во член 19 став 2 од Законот за финансирање на политички партии, ова бидејќи склучените договори не може да се ценат како забранети и начинот на кој партијата ВМРО-ДПМНЕ го зголемила својот имот искористувајќи ја вредноста од имотот над кои имале сопственост и истиот е искористен во остварување на целите и остварување на активностите утврдени со Статутот на партијата и со член 6 од закон за финансирање на политички партии, и не е во спротивност на член 3 од истиот.

Како што сугерира нивното име под дефиниција не профитни организации немаат за цел да остварат профит преку обезбедување на услуги или продавање производи.

Целта на нивното постоење е задоволување на општо корисни цели и секоја добивка која што непрофитната организација ја остварува од неповрзани економски активности може да се користи само за постигнување на легитимни цели утврдени со Статутот и закон што е во согласност со член 2 од Законот за политички партии.

To top