Македонија

„ДОБРО Е ШТО ЕЛКАТА НЕ ГИ МАМИ ДЕЦАТА ДА ПРОШЕТААТ НА ПЛОШТАД“ – доктор Беќаровски со коментар за загаденоста во Скопје

„ДОБРО Е ШТО ЕЛКАТА НЕ ГИ МАМИ ДЕЦАТА ДА ПРОШЕТААТ НА ПЛОШТАД“ – доктор Беќаровски со коментар за загаденоста во Скопје

Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот вечерва и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.

„Секое лошо, за добро е“, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено вчера.

Високо ниво на загаденост освен во Скопје е регистрирано и во повеќе градови во Македонија.

Скопје вчера на повеќе релевантни сајтови беше вброенo меѓу 10-те најзагадени градови во светот, но градоначалничката Данела Арсовска тоа го демантираше преку соопштение за јавноста.

Најнови вести од Македонија

To top