Македонските граѓани со денови се мета на измама која им се праќа преку СМС порака на нивните броеви на мобилните телефони.
Имено од странски броеви поточно од број најверојатно од Малезија со префикс (+60) на граѓаните секојдневно им пристигнуваат пораки во кои се вели дека имаат пристигнато пратка во пошта, но поради неполни подароци истата не може да се достави.
Потоа, следува и линк кој треба да го отворите (најверојатно вирус) по што ќе следува некаков хакерски напад.
Доказ дека ова е лажна порака и злоупотреба на името на македонската пошта потврдија и од АД Пошта.
По овој повод се огласија и од АД Пошта на Северна Македонија која вели дека секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и подлежи на кривична и друга законска одговорност.
„Ве известуваме дека во име на АД „Пошта на Северна Македонија“ граѓаните добиваат пораки на телефон дека нивните пратки нема да бидат доставени поради непотполна адреса и лични податоци.
АД „Пошта на Северна Македонија “ не стои зад овие објави. Секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и подлежи на кривична и друга законска одговорност.
Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи.
Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта.
За сите информации во врска со вашите пратки и работењето на Пошта, ве молиме да ја посетете нашата официјална веб страна ww.posta.com.mk“, стои во нивното соопштение до јавноста.