До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, повремено како локално невреме со пообилен пороен дожд, ветер и град, соопшти УХМР.
Од недела ќе има повеќе сончеви периоди и ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.
Најсвежо преку денот ќе биде утре и во сабота, а потоа температурите постепено ќе се покачуваат.