Македонија

До октомври 2024 година вкупните депозити достигнале 388 милијарди денари, од нив осигурани 71 процент

До октомври 2024 година вкупните депозити изнесуваат 388 милијарди денари или 6,3 милијарди евра, а осигурани се 71 отсто или 286 милијарди денари, односно 4,48 милијарди евра, рече денеска директорот на Фондот за осигурување на депозити, Бехар Емини.

До октомври 2024 година вкупните депозити достигнале 388 милијарди денари, од нив осигурани 71 процент

До октомври 2024 година вкупните депозити изнесуваат 388 милијарди денари или 6,3 милијарди евра, а осигурани се 71 отсто или 286 милијарди денари, односно 4,48 милијарди евра, рече денеска директорот на Фондот за осигурување на депозити, Бехар Емини.

На презентацијата пред студентите од областа на бизнисот, менаџментот и економските науки, Емини порача дека депозитите на граѓаните се сигурни и безбедни.

Според него, при евентуален стечај на банка или штедилница, Фондот многу брзо и ефикасно, за најдоцна 20 дена, ги обесштетува осигурените депозити.

Досега се исплатени 90 проценти од пресметаното обесштетување на сите депоненти.

-Нашата цел е заштита на депозититие кои граѓаните ги чуваат во банките и штедилниците. Со тоа помагаме да се поттикнува штедењето кое претставува основа за развој на економијата. Освен што ги осигурува депозитите, Фондот гарантира и исплата на обесштетување. Прагот на обесштетување изнесува 30 000 евра во денарска противвредност по депонент во банка. Остатокот од износот се исплаќа од стечајната маса на банката или штедилницата каде настанал стечајот или ликвидацијата. Веднаш, при стечај на банка или штедилница, брзо и ефикасно Фондот го прави обесштетувањето на осигурените депозити најдоцна во рок од 20 дена. Досега се исплатени 90 проценти од пресметаното обесштетување. Граѓаните да штедат во банките и штедилниците, мудро да ги распределеуваат своите заштеди, истакна Емини.

Тој потсети дека сите банки и штедилници кои се дел од бакарскиот систем, плаќаат премија во Фондот.

Фондот за осигурување на депозити е основан во јануари 1997 година како акционерско друштво на банките и штедилниците под името Фонд за осигурување на штедни влогови. Прагот на обесштетување тогаш изнесувал 7 500 гемрански марки во денарска противвредност. Подоцна, на 26 јули 2000 година, со одлука на Владата, Фондот од АД преминува во државна сопственост и го добива денешното име. Во Фондот членуваат банки, филијали на странски банки и штедилници основани во земјава. Членство во Фондот е задолжително за сите банки и штедилници кои имаат добиено дозвола за работа од Народната банка. Фондот од 2002 година е полноправен член на Европскиот форум на осигурители на депозити.

To top