Македонија за викендот пораст на дневните температури

До четврток сончево со ниски утрински температури

До четврток сончево со ниски утрински температури

До четврток времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени.

Како што соопшти УХМР, в петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за време на викендот.

Времето утре во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утрото ќе биде студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во следните три дена минималната температура ќе се движи од -12 до до два степена, а максималната од нула до 16 степени.

Најнови вести од Македонија

To top