Македонија дневните температури до 15 степени

До четврток претежно стабилно време со магла по котлините

До четврток ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по котлините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

До четврток претежно стабилно време со магла по котлините

Утре претпладне во западните и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност.

Минималната температура ќе биде во интервал од – 2 до 3 степени, а максималната од 6 до 15 степени.

Од четврток попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во петок и во сабота ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Температурата насекаде ќе опадне.

Најнови вести од Македонија

To top