Македонија ухмр

До четврток нестабилно со услови за невреме, викендот натпросечни температури

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

До четврток нестабилно со услови за невреме, викендот натпросечни температури

УХМР информира дека до четврток, претежно во попладневните часови, ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Овие денови локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот и натпросечни температури.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Утринската температура ќе се движи од 6 до 13 степени, а дневната од 16 до 28.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе биде од 10 до 27 степени.

Најнови вести од Македонија

To top