Корисниците на стипендии на странски државјани кои се од интерес за Република Македонија (студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров), а кои правото на студентска стипендија го оствариле во некоја од изминатите академски години, правото на стипендија во академската 2024/2025 година можат да го продолжат од 1 до 15 октомври 2024 година.
Според известувањето на МОН, корисникот на стипендија треба да достави до Министерството за образование и наука. Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; Уверение со положени испити; Уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и Индекс (копија) од прв запишан семестар до последен заверен семестар.
За сите дополнителни информации или прашања студентите може да се обратат на електронската адреса [email protected].