Двојните избори во Прилеп се одвиваат без проблеми и непречено, информираат од Општинската изборна комисија. До 13 часот на гласање излегле 31,41 проценти од запишаните избирачи за претседателските, а 31,31 процент за парламентарните избори.
Процентот на излезност во 13 часот е речиси идентичен со одзивот во првиот круг на претседателските избори на 24 април.
За претседателските избори се запишани 62 169, а за парламентарните 62 271 граѓанин со право на глас. Се гласа на 142 избирачки места.