Со најголем процент на излезност на гласачките места е Општина Пробиштип, каде до 11 часот гласале 24,89 отсто од евидентираните гласачи. Претседателот на ОИК-Штип, Виктор Вацев истакна дека до нив нема пристигнато поплаки или приговори од страна на избирачите или членовите на 74 избирачки одбори.
Во Општина Карбинци се гласа мирно, а МИА беше во селото Радање, каде што право на глас имаат 386 гласачи. Во ова село со децении заеднички живеат Македонци и Турци. Осумдесет и осумгодишната Љуба Ангелова вели дека со своите соседи се почитуваат. За Велигден ја посетиле, а таа пак за Бајрам била на баклава.
-Ништо не ни фали, имаме, улици, водовод и канализација. Со ниту еден соседн се немаме скарано. Така и нека биде, вели Ангелова.
Во источниот регион процентот на излезност во 11 часот за претседателските е скоро идентичен со процентот на излезност за парламентарните избори.
Граѓаните кои гласаа упатија јасна порака дека секој достоинствено треба да го искористи своето гласачко право.