Македонија Енергетика, рударство и минерални суровини,

Динамична соработка меѓу Македонија и Европската комисија: Средба на министерката Божиновска со Валентина Суперти

Средбата беше иницирана од страна на директорката Суперти, со цел запознавање и размена на мислења за приоритетите во енергетскиот сектор, можностите за продлабочување на соработката со Европската комисија, како и за идентификување нови заеднички проекти и механизми за поддршка на реформските процеси.

Динамична соработка меѓу Македонија и Европската комисија: Средба на министерката Божиновска со Валентина Суперти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Валентина Суперти, Директорка за Западен Балкан (ENEST.B), Генерален директорат за соседство и проширување (DG NEAR), Европска комисија. ​

Средбата беше иницирана од страна на директорката Суперти, со цел запознавање и размена на мислења за приоритетите во енергетскиот сектор, можностите за продлабочување на соработката со Европската комисија, како и за идентификување нови заеднички проекти и механизми за поддршка на реформските процеси.

Во фокусот на разговорот беа потенцијалните можности за финансиска и техничка поддршка од страна на ЕК, особено во делот на развој на енергетската инфраструктура, зголемување на користењето обновливи извори на енергија, дигитализација на индустријата и унапредување на законодавната рамка во согласност со европските стандарди.

Министерката Божиновска ја истакна важноста на европската поддршка за трансформацијата на енергетскиот сектор, а директорката Суперти ја потенцираше посветеноста на Европската комисија за поттикнување на структурни реформи и економски развој во регионот.

Средбата беше оценета како конструктивна и отвори простор за идни интензивни комуникации и конкретни чекори во насока на зајакнување на партнерството со Европската комисија.

Најнови вести од Македонија

To top