Македонија

Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија истакна дека во услови на глобална неизвесност се можни одредени корекции на буџетските проекции, но приоритет останува одржување на фискалната стабилност и заштита на стандардот на граѓаните.

Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија истакна дека во услови на глобална неизвесност се можни одредени корекции на буџетските проекции, но приоритет останува одржување на фискалната стабилност и заштита на стандардот на граѓаните.

Таа посочи дека Министерството за финансии е фокусирано на задржување на буџетскиот дефицит во рамки на планираното, а средствата ќе се насочуваат кон клучните приоритети – редовна исплата на плати, пензии и социјална помош.

-Но она што е фокус на Министерството за финансии е борбата да го одржиме буџетскиот дефицит толку колку што ни беше проектиран за оваа година. Секако во рамките на тоа да се испроектираат одредени заштеди таму каде што имаме простор и да се дадат таму каде што е приоритетно. Но морам да потенцирам дека секогаш приоритет ќе биде да се исплатат на време на платите, пензиите, социјалната помош, се она кое што е значајно за да се заштити стандардот на граѓаните, истакна министерката.

Владата внимателно ги следи состојбите и ќе носи одлуки согласно развојот на кризата.

Министерката потенцираше дека неизвесноста околу времетраењето на кризата претставува клучен предизвик, со оглед дека сличен пристап имаат и другите влади, кои исто така постапуваат внимателно и условно.

-Факт е дека оваа година треба да сервисираме обврски од над две милијарди евра и тоа е нешто што мора да се направи навреме. Како и секое домаќинство, кога земате кредит – без разлика дали е станбен или потрошувачки – мора да го вратите. Доколку тоа не се направи, се нарушува кредитниот рејтинг и финансиската стабилност, и затоа воопшто не станува збор за опција да не се сервисираат обврските, кажа министерката.

Во таа насока, беше истакнато дека дел од средствата се обезбедуваат преку рефинансирање, при што оваа година е направен стратешки избор поголем дел од задолжувањето да биде од странство, со цел да се остави поголем простор домашните банки да го кредитираат стопанството.

Министерката додаде дека ваквиот пристап е дел од претходно планираните буџетски проекции и се покажува како оправдан во услови на засилени глобални ризици.

На крајот, таа порача дека Владата ќе продолжи внимателно да ги следи економските текови и ќе носи одлуки кои ќе обезбедат стабилност на економијата и заштита на граѓаните

Најнови вести од Македонија

To top