Македонија Стејт Департментот

Димитриеска-Кочоска на средба со новиот заменик-помошник секретар за Западен Балкан, Александар Касанов

Приоритет е справувањето со корупцијата и криминалот, се зајакнуваат капацитетите на институциите

Димитриеска-Кочоска на средба со новиот заменик-помошник секретар за Западен Балкан, Александар Касанов

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на работната посета на САД во Вашингтон, оствари средба со Александар Касанов, нов заменик-помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот. Тој доаѓа на местото на Габриел Ескобар.

На средбата стана збор за актуелната политичка и економска состојба во земјата. Притоа министерката се осврна на механизмите за справување со корупцијата и за зајакнување на капацитетите на институциите. Исто така, таа ги истакна и напорите што се прават во однос на зголемување на економскиот раст, којшто ќе донесе подобар животен стандард за граѓаните.

На состанокот беше потенцирана поддршката и партнерството помеѓу САД и РС Македонија во обезбедување развој на земјата и продолжување на реформите од евроинтеграцискиот процес. Беше поздравено и одобрувањето на реформските агенди на земјите од Западен Балкан, вклучително и на нашата земја, од страна на Европската Унија, со кои се поддржува забрзување на процесот на пристапување на земјите од регионот во ЕУ.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Вашингтон учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Најнови вести од Македонија

To top