Македонија фејсбук

Димитриеска Кочоска: Ќе работам за економски раст, капитални инвестиции, правилна дистрибуција на капиталот, пониски даноци

Јас како и сите вие, ги споделуваме истите грижи, се будиме со истите проблеми за кои посакуваме решенија. Предолго државата беше ставена на маргините, ова го кажа преку видео обраќање кандидатот за министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Не сум човек кој се помирува со зададената судбина, затоа што цврсто верувам дека на крајот сите ние ја создаваме промената. Борбата за повисок животен стандард е можна само ако го дадеме сите максимумот. Тие што ме познаваат добро знаат дека реагирам на секоја неправда, се борам за секој човек во кој верувам. Македонија мора да ја промениме. Тоа започнува со новата влада. Како министер за финансии ќе работам за пониски даноци, за поголема правилна дистрибуција на капиталот, за капитални инвестиции, за економски раст и развој, истакна Димитриеска Кочоска.

Верувам во капацитетот на секој еден човек. Доаѓа време во кое државата треба да му врати на народот. Македонија за сите, Македонија за тебе! Почнуваме! Порача таа.

To top