Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во последното деноноќие, од коишто утрово еден е се уште активен.
Активен е пожарот во Општина Дебар помеѓу селата Бомово и Коњаре, каде што горат „костењари“ и ниска вегетација. Регионалниот ЦУК (РЦУК) Охрид известува дека интервенирале со едно ПП возило и пет пожарникари. Пожарот е под контрола. Со гаснењето на пожарот ќе се продолжи во текот на денешниот ден.
Изгаснати се три пожари во Скопскиот регион, два во Охрид и по еден во Ресен, кај с.Љубојна, кај штипското село Долни Балван, кај пехчевско Негрево и кај кумановското село Шупли Камен.
ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено, за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.