Македонија ЦУК

Десет пожари на отворено, 1 789 повици на 112 во последното деноноќие

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), скопските пожарникари вчера, од 15:45 до 16:35 часот, гаснеле запалено ѓубре и гуми во населбата Долно Лисиче кон село Јурумлери.

Десет пожари на отворено, 1 789 повици на 112 во последното деноноќие

Во последното деноноќие имало регистрирано 10 пожари на отворено на територија на цела држава. Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје вчера, од 12:30 до 6:05 часот, со едно возило гаснеле пожар на отворен простор во атарот на скопското село Брест. Пријавата била од службено лице на ЕВН Македонија. За пожарот биле известени БППЗ на Град Скопје, Општина Чучер Сандево и ЈП „Национални шуми“.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), скопските пожарникари вчера, од 15:45 до 16:35 часот, гаснеле запалено ѓубре и гуми во населбата Долно Лисиче кон село Јурумлери.

Двајца пожарникари од ТППЕ Битола вчера гаснеле запалено стрниште, ниска вегетација и шталско ѓубре од добиток и во изминатото деноноќие имале уште две помали интервенции во градот и околината.

ТППЕ Струмица синоќа, од 18:30 до 20:15 часот, гаснела запалена силна маса и дрвја околу Габровски водопади (Општина Струмица), а ТППЕ Гевгелија од 18:00 до 20:00 часот гаснела запалени капини и трски во месноста „Ачикот“ кај село Николиќ, Општина Дојран.

Двајца пожарникари од ТППЕ Кочани вчера со едно противпожарно возило гаснеле запалено стрниште во атарот на селата Чешиново и Облешево (Општина Чешиново Облешево), а вчера интервенирале со возило и со механизација на затрупување на запалената депонија кај Кочани.

ТППЕ Виница во изминатото деноноќие имале две помали интервенции на запалени ниви.

– Како последица од палењето отпадоци, ѓубре, депонии во близина на населени места се загадува дополнително амбиенталниот воздух во и околу населените и урбани места. Поттикнати и од таквите палежи, граѓани од Кочани и од околни населени места, трет ден продолжуваат со блокада на патот кон Пониква, што води и кон комуналната депонија во близина на селото Бели. РЦУК Кочани информира дека со почеток од 5:30 часот на регионалниот пат Зрновци – Пониква поточно на месноста викана „Белска крстосница“, околу 50 граѓани со околу 20 патнички возила, последните три денови, одржуваат 24 часовен јавен протест и блокада на патот, што според нивните најави, ќе трае и во наредните неколку денови. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква и кон село Бели, се вели во соопштението.

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 789 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,33 отсто, а 37,67 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 71,25 отсто, кон итната медицинска помош 21,25, а кон пожарникарите 4,06 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top