Македонија бележи најниско ниво на јавен и државен долг во последните пет години, изјави премиерот Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во рамки на вториот јавен повик поднесени 900 апликации за реализација на проекти, со учество на сите 80 општини. Премиерот Мицкоски и министерот Перински во посета на Кавадарци, на увид во реализацијата на значајни инфраструктурни проекти за граѓаните. Пуштен во употреба Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство, наменет за сите општини од Вардарскиот регион, посочуваат од владејачката партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Македонија се трансформира!“