Македонија Од Скопје до Охрид и Струга за час ипол

ДЕНОНОЌНО СЕ РАБОТИ: Со зголемено темпо продолжуваат градежните активности на Коридорот 8 (ВИДЕО)

Ако пред само три месеци, како држава бевме чекор поназад од изведувачот, сега сме веќе чекор/два понапред и изведувачот има отворен фронт за работа, вели Трајановски.

ДЕНОНОЌНО СЕ РАБОТИ: Со зголемено темпо продолжуваат градежните активности на Коридорот 8 (ВИДЕО)

Со зголемено темпо на работа продолжуваат градежните активности за изградба на Коридорот 8. Деноноќно се работи на автопатските делници Тетово- Гостивар и Гостивар- Букојчани.

-Ако пред само три месеци, како држава бевме чекор поназад од изведувачот, сега сме веќе чекор/два понапред и изведувачот има отворен фронт за работа. Изразувам јавна благодарност до сите владини институции кои се вклучени во реализацијата на овој проект, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Конечно по 50 години е започната градбата на нов модерен автопат на Коридор 8. Од Скопје до Охрид и Струга ќе се патува за само час ипол.

Овој автопат целосно ќе го промени и функционирањето на економијата- ќе го промени туризмот и ќе го забрза економскиот раст.

To top