Македонија МВР

Денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во Беко и МРТВ

Работното време на шалтерите ќе биде од 8 до 16 часот.

Денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во Беко и МРТВ

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во „Беко“ и МРТВ во Скопје.

Работното време на шалтерите ќе биде од 8 до 16 часот.

Од МВР вчера информираа дека на територија на Скопје е почната и достава на личните карти и на возачките дозволи на домашна адреса со цел олеснување и забрзување на процесот на промена на личните документи.

-Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје, информираа од МВР.

Најнови вести од Македонија

To top