Македонија До крајот на годинава

Демократски сојуз: Да се продолжи рокот за вадење лични документи

-Пред шалтерите на МВР се создаваат огромни и неподносливи гужви, каде граѓаните чекаат во колони и по два дена за замена на документите, велат од партијата.

Демократски сојуз: Да се продолжи рокот за вадење лични документи

Демократскиот сојуз предлага Владата да предложи измена на законите со кои ќе се продолжи рокот за замена на личните документи (лични карти, возачки дозволи и пасоши) до крајот на оваа гoдина.

-Замената на лични документи е согласно Договорот потпишан во Преспа, помеѓу Македонија и Грција, но повеќе од јасно е дека нема технички можности, како и доволен кадровски потенцијал, за до почетокот на февруари, да се заврши оваа операција. Овој состав на Владата или Техничката Влада, треба да ги подготви законските измени, по што Парламентот по итна постапка да ги донесе, велат од партијата.

Од Демократски сојуз порачуваат дека евентуалните отворени прашања со Грција треба дa се разрешат по дипломатски пат.

-Пред шалтерите на МВР се создаваат огромни и неподносливи гужви, каде граѓаните чекаат во колони и по два дена за замена на документите, велат од партијата.

To top