Македонија

Демант на министерството за здравство по обвинувањата од КХС

Министерството за здравство објави демант каде ги отфрла обвинувањата за долг кон КХС

Демант на министерството за здравство по обвинувањата од КХС

– Министерството за здравство, како правен субјект, нема никаква обврска или долг кон ЈП Комунална хигиена Скопје. Тврдењата за неплатен долг од 5 милиони евра се неточни и целта им е да се нанесе штета на угледот на Министерството или да се амнестира некој од сопствените обврски, се вели во соопштението од министерството.

Апелирааат да се проверуваат информациите особено кога станува збор за тврдења кои можат да создадат забуна или да доведат до недоверба во институциите.

Министерството за здравство продолжува да работи согласно законските обврски и со принцип на транспарентност во своите активности.

Најнови вести од Македонија

To top