Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска ќе има средба со делегација од германскиот Бундестаг.
Како што е објавено на веб сајтот на Собранието, членовите на Бундестагот ќе остварат средба и со Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија.