Македонија „Македонијапат“

Дел од патот Градско-Прилеп целосно затворен за сообраќај од 3-ти август

Како што се појаснува, сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.

Дел од патот Градско-Прилеп целосно затворен за сообраќај од 3-ти август

Дел од патот Градско – Прилеп целосно ќе биде затворен за сообраќај од 3 август, информираат денеска од Јавното претпријатие „Македонијапат“.

-Поради изведување градежни активности на Вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат – од раскрсница кај бензинска станица „Лукоил“ до клучка кај бензинска станица „Салида“, ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август, недела, од седум часот до 6 август, среда, се наведува во соопштението.

Како што се појаснува, сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.

Најнови вести од Македонија

To top