Македонија ијз

Дебелината кај децата и возрасните во Македонија на високо ниво

Најновите податоци покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст во нашата држава живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Дебелината кај децата и возрасните во Македонија на високо ниво

Дебелината кај возрасните и децата во Северна Македонија е стабилно на високо ниво, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод Светскиот ден на дебелина – 4 март.

-Најновата студија објавена во „The Lancet“ покажува дека, во 2022 година, повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со дебелина. Во светот, од 1990 година, дебелината е зголемена повеќе од двојно кај возрасните, а четирикратно е зголемена кај децата и адолесцентите – од пет до 19 години. Во Северна Македонија, 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина. Кај нас, дебелината кај возрасните е зголемена за 13,6 проценти, а кај децата и адолесцентите за 7,4 отсто, споредено со 1990 година, се наведува во извештајот објавен на веб-страната на ИЈЗ.

Повеќе од 10 години, Институтот и центрите за јавно здравје ја спроведуваат Иницијативата за следење на дебелина кај децата на Светската здравствена организација (СЗО), позната под акронимот COSI, имплементирана во 45 држави од европскиот регион.

– Оваа иницијатива е најмасовниот систем на следење на трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата, преку стандардизирани антропометриски мерења и процена на детерминантите на дебелината во семејната и училишната средина. Најновите податоци покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст во нашата држава живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Според податоците на Институтот, повеќето од децата кои имаат зголемена телесна тежина и дебелина, живеат во урбани средини. Исхрана со високо преработена и енергетски – богата храна, како што се додава, е значаен фактор што придонесува кон развојот на зголемена телесна тежина кај децата.

– Социоекономските карактеристики на семејствата на децата и достапноста на храна во и околу училишната средина влијаат врз навиките за исхрана кај децата. Физичката неактивност кај децата заради намалените можности за безбедни животни средини, што промовираат активна игра и движење на децата, доведуваат до помалку движење и употреба на електронски уреди како клучни детерминанти на дебелина. Трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата во нашата држава се одржуваат стабилно на високо ниво. Потребен е сеопфатен и мултисекторски пристап кон дебелината, од давање приоритет на факторите од животната средина што влијаат врз дебелината, до зајакнување на здравствената заштита за превенција и контролата на дебелината како хронично заболување, посочуваат од ИЈЗ.

Најнови вести од Македонија

To top