Македонија нивни биле, не на синот судија

Родителите на судијата „ѕидар“ тврдат дека парите се нивни

Ова го соопшти адвокатот на одбраната на судијата Ристов Звонко Давидовиќ, најавувајќи жалба на одлуката на судијата во претходна постапка, со која на Ристов му се изречени мерки на обезбедување – куќен притвор, одземање на патна исправа и забрана за вадење нова.

Родителите на судијата „ѕидар“ тврдат дека парите се нивни

Родителите на судијата Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа во Неготино беа пронајдени 350.000 евра, соѕидани во ѕид во кујната, тврдат дека пронајдените пари им припаѓаат ним, а не на нивниот син.

Ова го соопшти адвокатот на одбраната на судијата Ристов, Звонко Давидовиќ, најавувајќи жалба на одлуката на судијата во претходна постапка, со која на Ристов му се изречени мерки на обезбедување – куќен притвор, одземање на патна исправа и забрана за вадење нова.

Давидовиќ исто така го коментираше делот од обвинението во кое Ристов се товари за непријавување стекнат имот, но посочи дека во членот од законот во кој се регулира оваа проблематика „постои двојба“, односно дека судот и судиите не се опфатени со наброените категории.

Најнови вести од Македонија

To top