Дамјан Коњановски е избран за прв Потпретседател на European Democrat Students со 136 гласови. Делегацијата составена од Дамјан, меѓунардониот секретар Тодор Конески и Луна Стефаноска оваа недела учествува на годишниот конгрес на ЕДС во Малта и прв пат после повеќе од 15 години го имаме потпретседателското место во оваа организација, објавиа Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
-Настанот собра повеќе од 80 студенти од повеќе од 30 држави од Европа и претставува најголемо политичко-студентско движење на Европскиот континент. Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ повеќе од 20 години е активен член на оваа организација, но во последните 3 години има постојано присуство во повисоките органи на организацијата, потенцираа во објавата.
-Воедно, од името на УМС сакаме да им го честитаме изборот за Претседател на организацијата на Франческо Сисмондини од Италија и Генералниот Секретар, Владимир Кљаиќ од Србија, воедно честитки сакаме да им упатиме и на останатите избрани и назначени членови на извршната организација на ЕДС, истакнаа од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Како Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме да бидеме активни во европските младински организации и да ги градиме и застапуваме ставовите на партијата надвор од границите на Македонија, стоу во објавата на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.