Македонија НГИ КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ

Далип: Египќаните очекуваат да ги плодоуживаат човековите права и слободи во Македонија

Далип: Египќаните очекуваат да ги плодоуживаат човековите права и слободи во Македонија

По повод 10 Декември- Меѓународниот ден на човековите права, НГИ КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ се повикува на фактот дека со усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации, се поставија основите за градење на поправеден свет, кој се води од принципот дека сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права, a сите права и слободи наведени во оваа Декларација им припаѓаат на сите, без оглед на раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго убедување, национално или општествено потекло, сексуална ориентација и родов идентитет.

Фундаменталните постулати на кои се заснова Универзалната декларација за човековите права укажуваат на фактот дека слободите и прaвата се дадени за сите, секаде во светот, во секое време и место.

Во таа насока, припадниците на етничката заедница Египќани во Македонија, длабоко се убедени дека со ова Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и pремиерот Христијан Мицкоски, ќе се подигне степенот на плодоуживање на правата и слободите на Египќаните во Македонија, како и нивна институционална интеграција и правична и соодветна застапеност.

НГИ „КОАЛИЦИЈХА НА ЕГИПЌАНИ“ посебен фокус става и на правата и слободите и на лицата со попреченост, нивна интеграција, достоинство, слобода и правда за сите. Само во држава каде се почитуваат човековите права и слободи, може да се надевате на благосостојба и просперитет, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ Демир Далип.

To top