Македонија Стресната потрага по мајсторите е минато!

Дали барате квалитетни изведувачи за реновирање или изградба? Дозволете изведувачите да ве најдат вас!

Онлајн платформа Daibau.mk обединува илјадници докажани мајстори на едно место

Дали барате квалитетни изведувачи за реновирање или изградба? Дозволете изведувачите да ве најдат вас!

Повеќето луѓе, како и нивни пријатели, кои се во процес на уредување на домот за нивните семејства, разменуваат совети и препораки, но една заедничка карактеристика се издвојува. Не е важно дали станува збор за реновирање на стан или нова градба – сите имаат проблеми да најдат квалитетни занаетчии. За среќа, денес постои начин брзо да се дојде до доверливи изведувачи. Онлајн платформа Daibau.mk обединува илјадници докажани мајстори на едно место. Можете да испратите барање за некоја од повеќе од 200 различни категории на услуги за мајстори бесплатно и без провизија. Тогаш останува само да почекате заинтересираните изведувачи да ве контактираат.

Од локална платформа Daibau за десетина години прерасна во водечка регионална платформа која работи на пазарите во Европа, обединувајќи 65.000 добавувачи и 5 милиони активни корисници во минатата година. Daibau особено се грижи за малите и средни изведувачи, бидејќи им дава можност да ги нудат своите услуги и производи и да ги оптимизираат нивните деловни операции.

Како можете лесно да добиете повеќе понуди на вашето барање?

Обично, наоѓањето квалитетен изведувач значи многу часови прелистување на жолтите огласи и многу телефонски повици. Интернетот не ја подобри значително ситуацијата на градежниот пазар, бидејќи сè уште сте принудени да земете да сурфате на интернет и да испраќате бесконечен број на е-маилови. Вистинската дигитализација и поедноставување на градежниот пазар во Македонија донесе само Daibau.mk, кој обединува над 5000 изведувачи на едно место, сите достапни за корисниците. Каде лежи клучот за таков успех?

Посетителите на страницата можат целосно бесплатно и без провизија да пребаруваат профили на занаетчии, да ги проверат нивните минати завршени работи, фотографии и мислења на (не)задоволни клиенти. Врз основа на сопствената искуство како и вашите оценки, Daibau постојано се грижи на порталот да бидат регистрирани само најдобрите мајстори.

Патот од наоѓање изведувач до моментот кога тој ќе затропа на вашата врата е исклучително лесен. Се што ви треба е интернет конекција и неколку минути од вашето време. Кликнете на „започни го проектот“ и пополнете едноставен формулар. Опишете ги вашите желби, времето на извршување, обемот на работа, а можете да прикачите и свои фотографии или скици. Колку подетално го опишувате проектот, толку подобри понуди ќе добиете. Можете да го испратите вашето барање до сите подобни изведувачи или само до неколку избрани. Наскоро понудите ќе почнат да пристигаат во вашето сандаче за е-пошта. Вашата единствена задача е да ги споредите едни со други, да се одлучите за најдобриот и да склучите договор со избраниот мајстор за да започнете со работа.

Планирајте го вашиот буџет

Daibau ви овозможува да направите проценка на вашите трошоци, уште пред да започнете со работа и тоа без да поминете часови и часови талкајќи по разни салони за продажба. Во нашиот калкулатор може да најдете приближни цени за материјали и работи, со што ќе знаете што да очекувате во понудите од самите мајстори.

Стресната потрага по мајстори е минато!

Кога ќе почнете да ја користите дигиталната платформа Daibau.mk ќе заштедите многу време и пари. Може да избирате само изведувачи со најдобри препораки, а со споредување на понудите, си го олеснувате и договарањето за цената на услугите. На овој начин се избегнува непотребниот стрес и изградбата може да биде многу позитивно искуство.

 

Најнови вести од Македонија

To top