За време на еднодневната возвратнa посета на на Рeпублика Македонија, вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, денеска остварил средба и со премиерот Христијан Мицкоски, на која е разговарано за натамошно упнапредување на односите на двете земји.
-Посебна чест, за време на мојата еднодневна посета на Република Македонија, ми оддаде премиерот Христијан Мицкоски, со кого на работен ручек разговарав за натамошното унапредување на нашите односи и зајакнувањето на соработка, за заедничка корист на српскиот и македонскиот народ, напиша Дачиќ на својот Инстаграм профил, објавувајќи фотографии од средбата.
View this post on Instagram
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Куманово беше домаќин на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ каде разговараа за продлабочување на соработката, намалување на метежот на граничните премини, справување со миграцијата, заеднички патроли и меѓусебна поддршка.
Дачиќ имаше средба и со градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.