Македонија

Да не се повтори и никогаш да не се заборави – Девет години од „Диво насеље”

Да не се заборави и никогаш да не се повтори.

Да не се повтори и никогаш да не се заборави – Девет години од „Диво насеље”

Денеска се навршуваат девет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај 2015 во која загинаа осум припадници на безбедносните сили.

Во 28 часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили, Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Други 37 припадници на безбедносните сили беа повредени.

Куманово два дена живееше во страв и неизвесност. Престрелките почнаа во раните утрински часови. Кумановци слушаа надлетувања на хеликоптер. Затворени беа улиците, затворен беше дел од град, речиси целата населба „Тоде Мендол“.

Фабриките во тој дел од градот, не работеа. Кумановци се сеќаваат на овој исклучително трагичен настан.

Престрелките беа со различен интензитет, од одредени места се гледаше густ чад. Безбедносните сили евакуираа жители, влезот од главната улица „Тоде Мендол“ од булеварот „Трета МУБ“ беше дозволен само за полиција, брза помош и противпожарна единица. Дел од сограѓаните од „Диво Насеље“ се евакуираа кај роднини. Полицијата во неколку наврати ги евакуираше жителите. Трагично-вознемирувачкиот настан остана во сеќавање не само на кумановци, туку на сите македонски граѓани.

Да не се заборави и никогаш да не се повтори.

Најнови вести од Македонија

To top