Македонија

ЦУК: Залутан граѓанин во реон на Старо Нагоричане

ЦУК: Залутан граѓанин во реон на Старо Нагоричане

Граѓанин залутал во реонот на општина Старо Нагоричане, движејќи се накај бањата Стрнобац, соопшти денеска Центарот за управување со кризи. Полицијата презема мерки за пронаоѓање.

-Граѓанин се јавил на 112 дека залутал и се изгубил, движејќи се кон Стрновац- бања во Старо Нагоричане. По конференциска телефонска комуникација со дел од службите од Системот за управување со кризи и со ОЦ СВР Куманово, било донесено решено дека дежурните од полицијата од ПС Старо Нагоричане ќе го контактираат директно со лицето и ќе му помогнат – прво ќе му дадат насоки за движење, а потоа ако е потребно и ќе појдат по него на терен според локацијата добиена од неговиот мобилен телефон, соопшти ЦУК.

Центарот за управување со кризи информираше дека е пронајдена граната во двор на семејна куќа во кумановското село Романовце.

-На 112 пријава за пронајдена фрлена бомба – граната во двор што не е експлодирана, во село Романовце. Таа била фрлена во дворот во куќа чии сопственици не се во државата и се во Швајцарија. Настанот го пријавил зетот на сопствениците. Од ЦУК веднаш се известени во ОЦ СВР Куманово, за безбедносна постапка, соопшти ЦУК.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top